Советот на Месната Заедница од с.Куратица отпочна со реализација на  проект за решавање на комуналните проблеми во селото, во чии рамки ќе биде спроведена акција за чистење на отпадот од јавните површини.

Акцијата ќе се одвива секој втор понеделник,а собираниот отпад со камион ке се транспортира до главната депонија „Буково“, најавува Горан Ангелески, претседател на Советот на МЗ с.Куратица. Оваа акција е надополнување на проектот АМПЕП во чии рамки минатите години беше исчистено речното корито во должина од 1250 метри.


се чисти с. Куратица

Покрај ова како што информираат од Советот на МЗ на с. Куратица, во тек е и решавање на проблемот со водата за пиење. Ќе се врши санација на оштетениот вентил од селскиот водовод поради што дневно се губеа десетици метри кубни вода, поради што на сила сеуште е одлуката за рестрикција на водата од 23:00 до 05:00 часот.

ohridnews