По машинското расчистување на наносите од земја, песок и одрони во село Пештани, од денес екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец“ започнаa со темелно расчистување на јавните површини и плажата во оваа туристичка населба.
-Поради големите количини од земјени наноси акцијата ќе се реализира и во наредните два дена. Рачно со шпакли се одстранува земјата од централните улици и пешачки патеки, а потоа јавните површини се метат. Силните врнежи по своето течение донесоа со себе и големи количини од тешко разградлив отпад (пластични шишиња, најлон кеси и др.комунален отпад) кои испливаа по крајбрежниот појас во Пештани, па затоа со акцијата темелно ќе се расчисти и плажата, информираат од претпријатието.
OhridNews