„Кампањата „Здравје за сите“ е јавен повик до граѓаните за бесплатен преглед“ вели директорот на Завод за здр. заштита Атанас Михаилов. „Во Охрид пунктот за бесплатен преглед ќе биде лоциран кај Чинарот, односно до фонтаната на малиот плоштад. Прегледите ќе ги извршуваат стручни медицински лица, без никакви процедури, картони и без селективност. Сите што сакаат можат бесплатно да се прегледаат“ додаде Михаилов.
На пунктовите во Охрид и Белчишта граѓаните ќе можат да добијат бесплатни услуги: мерење крвен притисок, телесна висина и тежина, индекс на телесна маса, одредување шеќер во крвта, маснотии во крвта како и добивање бесплатни здравствени совети. Резултатите од мерењата ќе бидат соопштувани на лице место.
„Стручна препорака до граѓаните кои ќе мерат холестерол во крвта е да дојдат во претпладневните часови, на гладно, поради добивање поточни медицински резултати“ вели Михаилов.
Акцијата „Здравје за сите“ ќе се изведува два пати месечно (на датумите 8-ми и 23-ти), во наредните 4 месеци. Во недела на 8. јули, акцијата ќе трае од 8 часот наутро до 20.00 часот.