Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во интерес на безбедноста во сообраќајот на патиштата ја иницира акцијата „техничката исправност на возилата гарант за безбедноста во сообраќајот -2007 година“.
Акцијата, која е поддржана од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, а што ќе трае еден месец официјално стартува денеска.
Во рамките на акцијата во периодот денес до 15-ти идниот месец возачите може самоиницијативно да извршат бесплатен превентивен технички преглед во сите постоечки станици за технички преглед на Авто Мото Сојузот на Македонија и Сојузот на возачи на Македонија.