МЈП „Проаква“ деновиве започна акција за исклучување на сите физички и правни лица од системот за водоснабдување, кои навреме не ги подмириле сметките за вода, колектор и канализација.

Од „Проаква“ ги предупредуваат должниците дека трошоците за повторно приклучување на водоводната мрежа ќе бидат на нивни товар.

Јавното претпријатие се соочува со недоволна наплата на сметките за потрошена вода и за канализација и колектор, а особено таа појава е изразена во општина Струга кеде се бележат и најголем број од случаите на диво приклучување на водоводната мрежа. Поради ваквите проблеми „Проаква“ има проблеми со рентабилноста, што сериозно го загрозува опстанокот на јавното претпријатие.

Ohridnews