Мотоциклистите кои не носеа заштитни шлемови беа опоменувани на последиците од таквата нивна постапка и санкциите кои следат за непочитување на законските одредби. Но имаше и такви кои го почитуваат законот.
Кацигата е за наша заштита вели овој моторциклист
Статистичките податоци говорат дека бројот на сообраќајни несреќи во 2008 година споредбено со минатата година во Охрид е намален, но постои одредена категорија учесници во сообраќајот, пред се тоа се моторциклистите кои не ги почитуваат законските прописи и не носат заштитни шлемови“, изјави за Ohridnews, портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Одредена категорија возачи не ги почитува правилата – Стефан Димоски СВР Охрид
Казната за неносење заштитен шлем е 35 евра, но многу побитно од санкционирањето е младите моторциклисти да сфатат дека заштитниот шлем спасува живот велат членовите на мото клубот „Мото Охрид“. Според нив невнимателноста и непочитувањето на сообраќајните правила е најголема причина за несреќите во кои страдаат моторциклистите….Најмногу тоа е изразено во април и мај кога и започнува сезоната на возење мотори.Возачите на автомобили некако ненавикнати на моторциклите не ги приметуваат едноставно и невнимателно се однесуваат кон нив. Но, има и голем број моторциклисти кои возат без положен соодветен испит и не ги почитуваат правилата. Законот мора да се почитува, особено одредбата за носење заштитен шлем. Тоа е не никаков имиџ туку е за наша сигурност и мора да се носи заштитен шлем“, вели Људмил Цветаноски член на МК „Мото Охрид“.
Заштитниот шлем спасува живот – Људмил Цветаноски -Мото Охрид
Од локалната самоуправа се загрижени од се позачестените несреќи во кои жртви се мотоциклисти. Зоран Шикалески, советник за сообраќај на градоначалникот смета дека проблемот е во законскта регулатива која дозволува со моторцикл да се управува со навршени само 14 години и положен теоретски тест без никакво практично искуство. „Потребно е под итно да се измени законската регулатива и границата за добивање дозвола за управување со моторцикл да се подигне од 14 на 16 години и задолжително да се воведе полагање практичен испит“, вели Шикалески.
Потребна е измена во законот- Зоран Шикалески
Бројот на мотоцикли во Охрид во последните неколку години тројно е зголемен. Најмногу тие се возат во летниот период токму за време на туристичкиот шпиц кога двојно се зголемува и бројот на автомобилите во Охрид. Од охридската полиција најавија дека ќе ја зголемат контролата на сообраќајот до 31 август и дека превентивно ќе делуваат, но предупредуваат дека нивната акција ќе биде неуспешна доколку мотоцикли не ги почитуваат правилата и не носат заштитни шлемови.