Националната акција под мотото „Ден на дрвото, засади ја својата иднина“ со која е предвидено пошумување на територијата на Р.Македонија со засадување на повеќе од 2 милиони садници (колку што има жители во државата)- во еден ден, В ЧЕТВРТОК НА 14.ФЕВРУАРИ ЌЕ БИДЕ ПРОМОВИРАНА ВО ОХРИД. Запознавањето на јавноста од Охрид со овој проект ќе се одржи во големата сала на зградата на Општината со почеток од 10,30 часот. Претходно, во 10 часот, Градоначалникот на Охрид Александар Петрески, во знак на целосна поддршка на спомнатата акција, ќе ги прими промоторите на Проектот.
На запознавањето со Проектот – спроведување на акцијата, нејзините цели и ефекти – се очекува да присуствуваат покрај претставниците на надлежните институции и органи, и членови на НВО, Здруженија на граѓани, љубители на шумите, граѓани кои ја сметаат екологијата за безалтернативна иднина, ученици…
Инаку, ЕДНОДНЕВНАТА Акција за засадување на над 2 милиони садници ширум Македонија, ќе се спроведе на 12. март годинава.
ohridnews