Вредноста на акциите на социјалната мрежа Фејсбук се намали на само 20 долари по акција. Ова е втор со ред голем пад на вредноста на акциите откако компанијата ги пласираше на берза.
Фејсбук со овие намалувања ја изгуби скоро половина од првобитната вредност што ги замисли инвеститорите за тоа дали експеритете извршија точно предвидување на движењето на вредноста на акциите во иднина.
Социјалната мрежа дневно заработува околу една милијарда долари од огласи и разни реклами.
“Она што се очекува во блиска иднина е пораст на приходот на Фејсбук за цели 25 проценти од денешен ден па во наредните две години што би значело и голем скок во вредноста на акциите на компанијата” изјави аналитичарот Скот Кеслер кој прогнозира стабилизирање на вредноста на берзата.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com