Акциите на компанијата Епл доживеаа огромен скок во вредноста во изминатите два месеци. Овој пораст од 22% се должи на очекувањата за последната генерација на нивниот паметен телефон “iPhone 5S” кој се очекува да биде претставен во текот на денешниот ден.


Епл и Амазон се единствените два гиганти од технолошката индустрија кои ова лето имаа пораст во вредноста на нивните акции, додека Гугл и Микрософт имаат пад од 3% и 8%.