Пред најавената продажба преку тендер, акциите на ЕМО Охрид на македонската берза за тргување со хартии од вредност достигнаа цена од 3300 денари. Како што соопшти берзата, во текот на вчерашниот ден било тргувано со 56 обични акции на ЕМО Охрид.
Цената на една акција на Охридска банка по преземањето од Сосиете женерал се искачи на 10.510 денари.
По големиот раст, цената на на акциите на хотели Метропол Охрид деновиве се стабилизираше на 1.530 денари.
Г. Момироски