Екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Коминалец“ спроведоа акција за чистење на плажата Грашница и сливното подрачје на реката Грашница во Охридското Езеро, како и патеката која води кон Охридското Кале, каде езерските води исфрлија големи количини трска и комунален отпад.
Исто така во текот на денешниот ден се расчистуваа јавните и сообраќајните површини во туристичката населба Свети Стефан од наносите од земја и песок.
После машинското расчистување во село Пештани со специјална механизација, од утре ќе се пристапи кон рачно чистење и метење на јавните површини во ова село.
OhridNews