Активностите за санација на колекторскиот систем интензивно се вршат. Во текот на изминатиот период, извршена е ревитализација на пумпната станица во близина на хотелот „Гранит“ и извршено е комплетно чистење на цевководот во овој потег, во должина од 750 метри. Во моментот се изведуваат работни активности за санација на пумпната станица „Орце Николов“ и чистење на цеководот од потегот на вила „Билјана“ кај месноста Горица до потегот кон каналот „Студенчишта“.

За санацијата на Колекторскиот систем се користи најсовремена технологија за чистење на цевководот, без ископ на постојната мрежа. Предноста на оваа технологија е тоа што работните активности се изведуваат без оштетување на надземната и подземната инфраструктура.

Увид во градежните зафати извршија и градоначалникот Константин Георгиески заедно со Министерот без ресор во Владата на Република Северна Македонија, Едмонд Адеми и директорот на Јавното петпријатие „Колекторски систем“, Владимир Алексијоски.

Во рамки на проектот е предвидено да биде саниран најкритичниот дел од системот, кој е потполно нефункционален, a ќе биде извршено и чистење на секундарната канализациона мрежа во градовите Охрид и Струга.

Активностите за санација на терен ги изведува фирмата „Еко тим“ од Скопје, филијала на хрватската компанија  „Инд Еко“ од Ријека.

OhridNews