Во организација на Центарот за развој на Југозападниот плански регион денеска во Струга ќе се одржи првата работилница од проектот „Проширување на функциите на центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор“.
-Главната цел на проектот е да се зголеми конкурентноста на планските региони преку поддршка на малите и средните претпријатија и на претприемништвото во Регионот. Со реализацијата на планираните проектни активности се очекува зголемување на степенот на инвестиции што ќе овозможи креирање на нови работни места и задоволување на барањата и интересите на бизнис заедницата. Проектот, исто така, треба да го зголеми пристапот до информации и степенот на учество на приватниот сектор во носење на соодветни одлуки на локално и регионално ниво, информираат од Центарот за развој на Југозападниот плански регион.
Оттаму потенцираат дека посебно внимание, во текот на реализацијата на проектот, ќе биде посветено на двата суштински документи кои треба да бидат изработени во наредниот период – Програмата за развој на МСП заедно со Комуникациската стратегија и на Водичот за инвестиции, кои треба да придонесат за подобрување на општата економска состојба во Регионот.
-На серијата работилници ќе бидат обработени повеќе теми од интерес на бизнис заедницата како потенцијали за развој, финансирање од домашни и меѓународни извори, вмрежување и други актуелни теми, за што како предавачи ќе бидат поканети истакнати македонски експерти, објаснуваат од Центарот.
Проектот е финансиран од Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации.
OhridNews