На потегот меѓу селата Барово и Вешија избувнат е пожар на мешовита нискостеблеста и вискостеблеста шума. Станува збор за непристапен терен, а во моментов интервенират две теренски возила, една цистерена на Територијалната противпожарна единица (ТПЕ) од Неготино со шест пожарникари, четири цивилни лица волонтери, едно теренско возило, четворица пожарникари од ТПЕ  од Кавадарци и теренско возило и пет вработени од ШС Демир Капија.

По барање на градоначалникот на општина Демир Капија ангажирани се и два армиски хеликоптери. Се уште е активен пожарот кај село Раовиќ, во општина Сарај. Повторно на три-четири места се забележува чадење на самиот срт и по сртот на планината Осој. Пожарот кај село Дивље и село Крушија е ставен под контрола. На одредени места се забележува чадење, соопшти на денешна прес-конференција портпаролот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Надица Вчкова.

Веќе е изгаснат пожарот што избувна во текот на утринските часови на месноста викана Градишче, атар на село Владимирово.

Опожарена е мала површина на мешана шума и сува трева, а на терен поради контрола е останата екипа на ШС Малешево од Берово со едно теренско возило со цистерна и четворица вработени. Пожарот на градската депонија Виница во место викано Лесковски пат е веќе локализиран, но не и целосно ликвидиран. Ставен е под контрола пожарот, кој избувна меѓу селата Матејче и Виштица, каде гори сува трева и грмушки. Интервенираат тројца пожарникари со едно противпожарно возило, додава Вчкова.

Појава на пожар на отворен простор има и во атарот на село Отља, кон село Матејче. Во гаснењето на овој пожар се вклучени тројца пожарникари со противпожарно возило, четворица полицјаци од ПС Матејче, како и 30-тина граѓани од село Отља. Пожарот е ставен под контрола и не постои опасност од проширување кон објекти и шума.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека точно е дека дел од пожарите се подметнати или се предизвикани од невнимание на одредени луѓе и токму заради тоа мора да имаме посериозна одговорност.

 

Досега МВР има приведено 17 лица, повикани во полициска станица се дополнителни 16 лица, имаме поднесено 3 кривични пријави и 2 прекршочни. Се’ уште се работи на добар дел од овие случаи и штом ќе заврши со целата постапка ќе се поднесат соодветни поднесоци.

Постапката се води во координација со Јавен обвинител и од таму се добиваат насоките во однос на квалификација на кривичното дело.

OhridNews