Се уште се активни пожарите кај Буковиќ, Раовиќ во Општина Сарај, кај селото Горно Мелничани во Центар Жупа, во атарите на селата Ракле, Никодин и Топлица во Општина Прилеп, соопштија на редовната претпладневна прес-конференција од Центарот за управување со кризи (ЦУК)
Според денешните информации кои ги добивме од ситуациониот центар, пожарот кај Буковиќ, Раовиќ во Општина Сарај е се уште активен каде гори мешана шума. Во текот на вчерашниот ден беше извршена комплетна претрага и догасување на постоечките жаришта, а како поддршка се приклучи и црногорскиот хеликоптер којшто со 12 налети испуштајќи голема количина на вода. Но, најверојатно се работи за спрецифично земјиште кое и покрај 17-те тона вода кои вчера беа фрлени врз овој пожар, не се супеа целосно да се изгаси, истакна на прес-конференција Надица В’чкова, портпарол на ЦУК.
Пожарот помеѓу селата Барово и Вешје во Општина Демир Капија, каде гори нискостеблеста мешана шума е повторно активен и во текот на вчерашниот ден беше ставен под контрола. Утрово од 5 часот на терен интервенираат пожарникари од Територијалната противпожарна единица од Неготино, ШС Демир Капија, како и група од месното население. Повеќе информации околу состојбата со овој пожар од ЦУК најавија на попладневната прес-конференција. Состојбата со пожарот кај селото Горно Мелничани е се уште непроменета, односно пожарот е се уште активен.
Повторно е активен и пожарот во атарите на селата Ракле, Никодин и Топлица во Општина Прилеп. Гори кракот од село Ракле спрема село Крстец, а рано утрово на терен се испратени едно противпожарно возило и четири пожарникари, како и пет вработени од ШС Црн бор од Прилеп. Пожарот е на тешко пристапен терен, додава В’чкова.
Според ЦУК, ставени се веќе под контрола пожарите помеѓу селото Црвена вода и Планинарскиот дом Китка во Општина Студеничани, и пожарот на планината Кожув кај местото викано Круша, Гевгелиско, а утрово на терен е излезена екипа на Територијалната противпожарна единица од Гевгелија и ШС Кожув.
OhridNews