Активни со Ковид-19 се 413 случаи во државава, од кои 23 се во Охрид. На инфективните одделенија во земјава се лекуваат вкупно 90 пациенти со Ковид-19.

Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, од направени 3.529 тестирања, регистрирани се 10 нови случаи со Ковид-19 (1 во Охрид), 18 оздравени пациенти и нема починати.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.593, бројот на оздравени пациенти е 149.708, а на починати е 5.472.

Министерството за здравство соопшти дека завчера биле аплицирани 4.299 вакцини. Досега се вакцинирани вкупно 265.164 лица, а за вакцинација се пријавиле 453.180 граѓани.

Со последните бројки барем една доза вакцина имаат примено 48 отсто од населението над 70 години , 42 проценти од оние над 65 години и 36 отсто од граѓаните над 60-годишна возраст.

OhridNews