Активисти за заштита на животни спасиле 23 диви животни, вклучувајќи мечки и волци, од приватната зоолошка градина на киргистанскиот претседател Курманбек Бакијев, но стигнале предоцна за да спасат два снежни леопарди.

Меѓу преживеаните има еден снежен леопард, но два биле мртви кога стигнале членовите на NABU. Се проценува дека во Киргистан се останати само 350 примероци од оваа животинска врста.


Се чини дека животните не добивале храна откако Бакијев побегнал во Белорусија. Тој не е единствен регионален лидер со сопствена зоолошка градина. Чеченскиот претседател Рамзан Кадиров поседува лавови и ретки сибирски тигри.