По сторијата на OhridNews за нехуманиот потег на несовесни граѓани кои штотуку породена пудлица со нејзините малечки ноќеска ја оставиле врзана за дрво во двор од зграда на булеварот „Туристичка“, реагираше здружението за заштита на животни „Анималија“ од Охрид. Активисти на здружението ја ослободија пудлицата и ја згрижија заедно со нејзините мали.
Хуман однос покажаа и граѓаните од зградатата каде беа оставени напуштените кучиња. Тие ги нахранија малите кутренца и им дадоа вода спасувајќи ги напуштените животни. За неколку од кученцата веќе имало заинтересирани граѓани кои пројавиле желба да ги посвојат.
Неофицијално кучињата на крајно нехуман начин ги оставил жител на Охрид.
Инаку во летниот период честа е и појавата туристи од другите градови кои доаѓаат во Охрид ги оставаат своите миленици тука. Има и случаи кога локални жители по извесен период ги напуштаат своите миленици и ги оставаат на улица без притоа да се потрудат да ги згрижат или да побараат помош од здруженијата за заштита на животните.
За жал, нехуманото постапување со домашни миленици кај нас речиси и да не се санкционира.
OhridNews
Каква нехуманост: Мајка со шест кученца напуштена и врзана за дрво