Целта на состанокот е да се апелира до активистите на политичките партии да го почитуваат и да се придржуваат до Кодексот за однесување за слободни и фер парламентарни избори. Воедно, да се повикаат граѓаните и активистите на политичките партии да го почитуваат и да се придржуваат кон Изборниот законик и другите позитивни прописи кои се однесуваат на изборите и изборниот процес.
На состанокот што ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид. ќе учествуваат активисти на ВМРО-ДПМНЕ, ДПА, ДУИ и СДСМ, како и претседателите на месните заедници од Општина Охрид. На присутните ќе им се обратат г-ѓа Симоне Филипини – Амбасадор на Кралството Холандија во Р. Македонија, г-дин Ромаин Дарбелеи – Вршител на должноста во Амбасадата на Швајцарија во Р. Македонија, како и по еден претставник на ВМРО-ДПМНЕ, ДПА, ДУИ и СДСМ.