Во делот на здравствено воспитната дејност, а во рамките на активностите за  превенција од туберкулоза Црвен крст Охрид на 26 март започна реализација на проект  „Целна интервенција кон ХИВ-ТБ ризичните групи”, подржан до меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина (МФЦК и ЦП).

Најпрвин на тродневен семинар за туберкулозата беа обучени 12 активисти на Црвен крст Охрид-волонтери кои во текот на април и мај ќе извршат теренска активност во 33 рурални населби-села во Охрид и Дебарца.


активисти на Црвениот крст во охридските села

При посетите во селата, активистите на Црвен крст Охрид преку непосреден разговор и со делење на едукативен материјал ги запознаваат жителите со симптомите, начините на пренесување и лекувањето на туберкулозата.


децата во руралните средини се најранлива категорија

После овие посети, во месец мај предвидено е да се одржат 8 работилници-презентации во поголемите, централните села, од регионот на Охрид и Дебарца.

Г.М.