Активисти од неформалната еколошка организација Чист Охрид, на потегот после плажата „Мадера“ денеска сами засадија 13 садници врби, како што велат, по претходна консултација со стручни лица.

Пред повеќе од една недела, Чист Охрид упати и јавен предлог до општината, преку медиумите, но и директно преку електронска пошта, за засадување дрворед на потегот после ресторанот Мадера па се до плажата Парк. Но, оттаму се досега нема никаква реакција. Истовремено пак, сакаме да се заблагодариме на ЛК Лихнидос за донацијата на садниците и за тоа што ја препознаа оваа благородна иницијатива. – велат од Чист Охрид.

Активистите апелираат до надлежните да го разгледаат предлогот на Чист Охрид за разеленување на овој дел од градот.

OhridNews