Деведесетипетгодишниот американец Питер Вебер Џуниор е прогласен за најстар активен пилот на светот. Како што пренесуваат агенциите, претставниците на Гинисовата книга на рекорди ја доделиле оваа титула на Вебер минатиот месец окткао направил три круга над аеродромот во близина на Сакраменто.
Имал точно 95 години, четири месеци и 23 дена. Апсолутен рекордер е Кол Кугел од Колорадо кој во 2007 година последен пат летал на 105 години и истата година умрел. Вебер рекол дека Гинисовата книга вовела нова категорија, настар пилот кој сеуште поседува лиценца и лета соло. Овој ветеран на американското воено воздухопловство почнал да пилотира пред 72 години и вели дека сеуште лета два пати месечно.