Џон Лоу најверојатно е најстариот балетан во Велика Британија, а и ден денес може да направи некои потешки балетански точки, како што е пируетата. Со балет почнал да се занимава на 79 години, откако неговата ќерка станала професионална балерина. Дома вежбал секојдневно, а на часови по балет одел три пати неделно.


Неговата инструкторка Хелен Пети рекла дека Џон има импресивен талент. Сепак, истакнала дека за неговото здравје не е добро да изведува вежби кои подразбираат скокање. Џон рекол дека е исфрустриран што не може некои точки да ги изведе како порано, а и девојките скокале многу подобро од него. Неговата инструкторка рекла дека доколку почнел да се занимава со балет 20 години порано, би имал импресивна кариера.