“Јано мори,” “Дафино вино црвено,” “Јовано Јованке” и ред други македонски традиционални песни се саундтракот на светската премиера на театарската представа “Jason and the Argonauts” во режија на Марк Гринфилд која ќе се одржува оваа недела во Њујорк. Тони Наумовски, познатиот актер со македонско потекло, покрај тоа што ќе ја игра улогата на Орфеј, е и музички директор на претставата.

“Jason and the Argonauts” е дел од Њујоршото лето 2012 (New York Summer Festival 2012), а се одржува на Lower East Side на Менхетен-Њујорк со капацитет од 1000 седишта.

Ова е четвртиот проект на овој режисер, во кој Наумовски освен како актер е ангажиран и за музиката во претставата. Претходни проекти во кои Наумовски соработувал со режисерот Марк Гринфилд како актер и музички директор се “ Цар Едип,” “Седумина против Теба” и “Персијанци”. Македонската музика претставува главна инспирација во секоја од претставите.

OhridNews