Охридската публика вчеравечер, во Центарот за култра уживаше во новото,  петто продолжение на стендап револуцијата на извонредниот охридски актер и комичар Никола Тодороски.

Речиси едночасовниот настап на Тодороски беше исполнет со креативен хумор и материјал кој ексклузивно и премиерно беше изведен на вчерашното шоу.

Проектот „СТЕНДАП РЕВОЛУЦИЈА“ Никола го започна во декември минатата година. Предизвикот кој тој си го постави со овој проект е секој месец до јуни 2015 да пишува нов материјал, нешто што само по себе е револуционерно и никогаш не е направено до сега.

OhridNews