Гостин во поткастот „Имам нешто да ти кажам“ точно на Светскиот ден на театарот е актерот Горан Стојаноски. Во емисијата тој отворено говори за состојбите во театарот, неговата матична куќа – Народен театар Охрид, за исполнувањето на сонот тој конечно да го добие заслужениот дом.
Театарската зграда која требаше да се случи во Охрид, се надеваме дека се’ уште ќе се случи и на некој ќе му текне да ја тргне политиката. Сакам да го видам во иднина Охридскиот театар, 100% посветен како тим, без пречки, без замерки, без административни умови, едноставно чисти души и да се работи она што треба да се сработи. – вели Стојаноски.
Популарниот актер упати порака за Светскиот ден на театарот, кој, како што рече, не е театар поради состојбата.
Театарот треба да го разбереме како сериозно феноменологија на размена на енергии меѓу луѓето во живо. Единствено само сакам да се врати во својата стара форма и да се продолжи понатаму. – вели актерот Горан Стојаноски.
OhridNews