Народен Театар Охрид се враќа со уште една награда од Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија” во Куманово.

Актерот гостин Марија Новак ја доби наградата за најдобра споредна женска улога за ликот на Косара, во претставата “Секс лаги и љубомора” од Марк Камолети, во режија на Коле Ангеловски.

Фала Господе за дарбата за хумор. Нека и вака да му служиме на народов, барем 2-3 саати да си даде оддишка од бремињата на времињава, напиша актерката на својот Фејсбук профил.

Пред охридската публика претставата „Секс, лаги и љубомора” повторно ќе биде одиграна на 31 октомври.

OhridNews