Актерката Марија Новак наградена за најдобра споредна женска улога на четвртото издание на театарскиот фестивал „5РЕ” во Велес за улогата во претставата “Секс лаги и љубомора” од Народен театар Охрид.

Во урнебесната комедија “Секс лаги и љубомора” Марија ја обликуваше својата улога со толку природност, харизма и прецизност, што нејзиното присуство на сцената не можеше да остане незабележано. Со вештина што извира од љубовта кон театарот, таа ѝ подари на публиката моменти полни со емоција и смеа – и уште еднаш потврди дека секоја улога, без разлика на нејзината големина, може да остави траен впечаток, велат од Народен театар Охрид.

Наградата за најдобра споредна женска улога ја донесе жирито во состав: Александар Георгиев, Александар Ивановски и Миле Вратеовски.

Актерката минатата година ја доби наградата за најдобра споредна женска улога за ликот на Косара, во претставата “Секс лаги и љубомора” и на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија” во Куманово.

OhridNews