Синоќа околу 22,30 во стан во Скопје било пронајдено безживотното тело на актерката и поранешна градоначалничка на општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ (45), која, според истрагата, си го одзела животот со бесење. Телото го пронашол нејзиниот сопруг кој случајот го пријавил во полицијата. Од страна на Итна медицинска помош била констатирана смрт.
Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција.
OhridNews