Со промо турнејата на својот нов филм ‘Spider-Man’, за време на која покажала импресивни модни изданија на црвениот тепих, Ема Стоун уште во април си ја обезбедила титулата за една од најдобро облечените актерки во 2014 година.

Конзистентната низа модни изданија без грешка, младата актерка ја продолжила и деновиве, кога во два наврати заблескала во црвена боја. Во првата прилика, Ема е снимена пред својот хотел, од кој излегла во феноменален цветен капут со кожни јаки, кој го потпишува брендот Brock Collection. Неколку дена порано, убавата црвенокоса се дружела со медиумите на врвот од Empire State Building, каде пристигнала во црвен мини фустан со богато извезени јаки, на модната куќа Валентино. Модните додатоци и ретро фризурата, биле точка и на имиџот на Ема на кукла од 60тите.

 

извор:fashion.hr