Со изведба на претставата „Стари времиња“ од Харолд Пинтер, а во во режија на Нела Витошевиќ, синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“, Народниот театар Охрид го одбележа Светскиот ден на театарот.
Претставата во која играат Ирена Ристиќ, Горан Стојаноски и Јасмина Билаловиќ измами долги аплаузи од присутната публика, која уживаше во извонредната актерска изведба.
Светскиот ден на театарот беше одбележан со пригодна свеченост, која ја збогати одличниот настап на охридскиот музички уметник Ѓоко Танески со неговиот бенд.
На свеченоста актерите Адријана Билаловиќ Тодороска и Павел Маслов ги прочитаа пораките на македонските и светските уметници, кои силно ги критикуваат актуелните општествени состојби и случувања во светот и страдањата на илјадниците мигранти на границите на Европа.
На одбележувањето на Светскиот ден на театарот во Охрид присуствуваа голем број јавни личности и љубители на уметноста.
Г.М.
Фото: Емилио