Пејачот на американската рок група „Ганс енд роузис“ Аксел Роуз наводно ќе го замени Брајан Џонсон, фронтменот на легендарниот австралиски бенд AC/DC, на 10 одложени концерти по Северна Америка, во рамките на турнејата “Rock or bust”. Веста ја објави радиото „Атланта 100,5“, повикувајќи се на добро известени извори.
Според нивниот диџеј Џејсон Бејли, австралискиот бенд организира аудиција за пејач кој ќе гостува, откако лекарите му препорачаа на Џонсон веднаш да ја прекине турнејата, бидејќи му се заканува опасност потполно да го изгуби слухот. На аудицијата доаѓаа разни луѓе, а потоа се појави Аксел и наводно се договорил да ги отпее преостанатите 10 концерти. AC/DC ниту ја потврдија ниту ја негираа веста, велејќи дека немаат ништо официјално да објават, но доколку има промени, тоа ќе го објават на својот сајт.