На Аксел Роуз, пејачот на групата „Ганс енд роузес“ му бил украден накит вреден 200 илјади долари од неговата ложа во Палатата на спортовите Берси во Париз, соопштила финансиската полиција. Полицијата не ги прецизирала околностите при кражбата извршена за време на приватен настап, кој пејачот го имал по концертот во Берси, во присуство на стотина одбрани гости.
Познат по своите бурни реакции, Аксел и овој пат останал верена на самиот себе, побеснувајќи куга видел дека е ограбен. Се смирил дури откако интервенирала полицијата. На контраверзниот пејач му биле украден три златни огрлици украсени со дијаманти, вредни 200 илјади долари.