Австралиската хард ток група AC/DC го одржа во Лисабон првиот концерт на почетокот на европската турнеја, на која наместо нејзиниот пејач Брајан Џонсон настапи Аксел Роуз од бендот „Guns and Rouses“. AC/DC на почетокот на март го одложи почетокот на турнејата, бидејќи лекарите на Џонсон му препорачаа да не пее на сцената бидејќи му се заканува потпоплно оштетување на слухот. Така Аксел Роуз синоќа ја започна европската турнеја на AC/DC во која би требало да имаат 12 настапи. Аксел пееше седејќи бидејќи има скршеница на ногата.
Концертот беше одржан на отворено во Лисабон, пред околу 60 илјади луѓе. Следниот концерт ќе биде во Севиља во Шпанија. Роуз пред настапот изјави дека Џонсон е голем пејач и дека му е голем предизвик да пее место него. Џонсон, препознатлив по својот продорен глас, му се приклучи на бендот во 1980 година после смртта на тогашниот пејач Бон Скот. Роуз истовремено ќе има концерти со својот матичен бенд, а Џонсон изјави дека не се откажува од студиските снимања.