Акробатот Фреди Нок, кој очигледно не се плаши од ништо, се качил на кабел на жичара на Швајцарските Алпи и изодел 1500 метри, соопштиле медиумите. Тргнал од популарното место Сент Мориц и се движел одржувајќи рамнотежа со мотка.


Застанал на планината Маунт Корвач чиј врв се наоѓа на 3019 метри надморска височина. Нок акробации и гимнастика тренирал од својата четврта година. Овој подвиг му успеал од вториот обид, бидејќи претходниот ден поради лошите временски услови морал да ја одложи „прошетката“.