По повод празникот „Св.ап. и ев. Лука и Св. Константин Кавасила“, наќ 31. oктомври (четврток), во манастирот „Св. Спас“ горно Лакочереј – Охрид, во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе биде ракоположен во свештенички чин на ѓаконот Оливер Новески.
На литургијата ќе чиноначалствува Митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.
На 01. ноември 2019 (петок), во манастирот „Св. Климент и Св. Пантелејмон“, Плаошник – Охрид, со почеток во 8.45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Преп.Прохор Пчински и прен.на мошти на Св.Јован Рилски“ на која ќе чиноначалствува владиката Тимотеј.
Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на учествување и заедничко прославување на овие празници.
OhridNews