Романски купувачи останале во шок откако мал хеликоптер слетал на паркингот од еден трговски центар во Баса.

„Хеликоптерот само наеднаш слета. Без обезбедување, заштита, најава… Беше ветровито, хеликоптерот за малку можеше да ги зафати каблите за струја и да се сруши“ – рекла Георгете Стоица, сведок на слетувањето.

Од него излегле двајца мажи и тргнале во шопинг.


„Ова е трет пат да гледам како луѓе одат во шопинг со хеликоптер. Знам дека се богати, но ова е премногу“ – вели сопственикот на супермаркетот Адриан Енасу.