Американскиот актер Бред Пит мора да направи тестови на дрога и алкохол како дел од привремениот договор со сопругата Анџелина Џоли за да може да ги види своите шест деца, соопштиј две лица кои се запознаени со договорот на наскоро поранешните сопружници, пренесува „Макфакс“.
Привремениот договор, кој важи до 20-ти октомври, е првата конкретна работа која славната актерка двојка ја постигна во жестоката кавга откако Џоли поднесе барање за разведување на 20-ти септември. Повикувајќи се на „здравјето на семејството“, актерката бара целосно старателството над децата.
И 52-годишниот Пит и 41-годишната Џоли се согласија поединечно да минат индивидуално советување, а Пит на почетокот ќе ги гледа децата во присуство на терапевт, соопштиле извори кои сакале да останат анонимни.
Засега не е донесена пресуда., ниту одлука за тоа кој конечно ќе има старателство над децата.
Претставниците на актерите засега не ја коментираат оваа информација.
Според медиумите, по разделувањето на 15-ти септември, Пит досега не ги видел своите три биолошки и трите посвоени деца, а не се видел ниту со Џоли.
OhridNews
извор:„Макфакс“