Претседателот на општинскиот совет, Владо Чингоски не е на листата кандидати за советници , но ќе биде еден од директорите на јавните претпријатија во Охрид или ќе остане во општината непосредно до градоначалникот, доколку победи СДСМ на локалните избори закажани на 22 март. Ова го најави актуелниот  градоначалник, Александар Петрески, кој повторно ќе се трка за градоначалничката фотелја заедно со уште петтемина кандидати од политичките партии.

Според Петрески, кандидатската листа советници на СДСМ има квалитетни луѓе кои се признати во својата работа.

„Запазени се сите критериуми. Водевме сметка да има  учество на жените, соодветна застапеност на младите, но и територијална застапеност, која не е законска обврска, но советот мора да ја покрива целата  територија на Охрид“, рече градоначалникот.

Сепак, додаде тој, на нашата листа има  и кандидати кои и досега биле членови на советот, заради континуитет во случувањата.

А.Р.