Македонија има солидна законска рамка за борба против корупцијата, но недостаува конкретна примена на законите во пракса,  предупредуваат антикорупционерите и експертите, според кои ефикасноста во борбата против овој криминал зависи од професионалноста и условите за работа на одговорните институции, кои треба да ги создаде државата.

Многу е едноставно да се види дали Владата има сериозни намери да овозможи ваквите агенции да се борат против корупцијата, ако овие агенции го добиваат она што име е потребно. Некој може да смета дека ова се валкани детали, меѓутоа не и кога станува збор за парите и кога станува збор за вистинската независност на ваквите органи и агенции. Треба да се види дали тие навистина се во можност да го прават она што навистина од нив се очекува.-вели Драго Кос претседател на Групата држави на Советот на Европа против корупцијата (ГРЕКО), еден од организаторите на меѓународната конференција за борба против корупцијата што се одржува во Охрид.


Корупцијата  во 2009 година го оштетила буџетот на Република Македонија за  3 милијарди денари. Надлежните институции, истакнуваат дека државата презема конкретни чекори за сузбивање на овој социолошки феномен, но потребна е поширока општествена акција во борбата против корупцијата.

Треба да се интензивираат мерките и активностите од сите чинители во борбата против корупцијата, не само од Државната комисија за спречување на корупцијата. Тоа подразбира сите фактори да соработуваат потесно и да ги интензивираат соработката и мерките за сузбивање на корупцијата, Ние често велиме дека во Македонија има солидна институционална рамка, но на таа рамка треба да и се дадат капацитети со кои ќе профункционира и ќе даде резултати. Во овој случај, во Македонија таа рамка се уште не е искористена, не до крај. Дефинитивно сите чинители ќе мора да и се спротиставиме на корупцијата, инаку таа ќе не собори, истакна Илми Селами, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Г.М.