Не не ….не сакам така да зборвиш. Чисто политички ти се нападиве. Незнам шојмаш против Нина Групер, шо зборвиш така. Ти се молам нејќам да слушам. Е па така. Прво нејзе не ѝ се сона дека банката ќе пропаднит да си ги извајт парите. Така ама како. Едино ако се јави кај Радимира која ради и помаже у послу на даљину. Не не…многу ги имат на даљину ама ова и помаже у послу на даљину. Ар ко ти викам. Еве јас и се јавив ко праев ајвар. Јас од изодавде , а она из надаљину сме љупели пиперака. Ам како.

Е ако е кај нејзе Групер јавена па ова из даљину да је повукла паре, а ова наша није знајула. Иначе како. А и не е прв случај нешто да ти се случвит, а ти појма да немаш. Ти теквит на шоферон од Ферари? Кој Фетел бре, фетелосан еден. Силвана Бонева звана Муња шо поминала 904 пати на наплатна рампа. Е и та појма немаше дека децата нејзини шо им давала пари за геврек и јогурт, сув го јадеја, а парите од јогурт на штедна книшка. И да не се кренеша скопската магла та можда уште не ќе знаеше дека купиле станој арсланите нејзини. Кој знаел. Три месеци без јогурт бам стан.

Зато за Нина сус. Во оваа правна, по правна амин, држава, за сите важит истиот закон и аршин. И онај со магдоносот и онај шо изгази луѓе иста казна. Растение, растение. Со самиот кинателен процес се уништил еден живот. Па така и за Нина. Осудена е бре како не била осудена. Морално е осудена. Да, да. Мене на пример некој да ме осудит морално одма си го мавам куршумот в чело.

Знајш нејзе како ѝ е сега? Ееее да живејш без морал. Катастрофа. Цел живот да градиш нешто и цап сега судот ти го одземвит моралот. Те прајт аморална. Гарант сега пробвит да си напрајт нешто. И не шетат со маска ко за корона туку со кацига. Зш со ваквата осуда не со прст, на улица со нога покажвет на неа. Абе ќути, да не ѝ си во кожата. Да не ѝ си во новчаникот, во банката, во летувањето, во ….

Шо? Зш да прекинам? Протест? Каков протест бре ти имаш акал. Ти дан имаш БМВ? Имаш Ауди А8 или Мерцедес СЛК или Стратус или….ар седи мирен. Кај да протестирам без кабриолет бре будало една. В земја ќе пропаднам. Ни Артан ни со боксој немојт да ме натерат да излезам. Бар да имам нешто равно на Мерко од Струга, ако не поскапо. Или пак нешто блиску до владинине возила. Луѓето не дадоа 8 милиони за 392 возила тек така. За протести се земени. Народот да го возат ко ќе ојт да се онагвит.

Значи да расчистиме неколку работи за протестот за струјата. Револтот беше изразен зш голем дел од парите за бензин сега ќе одат за струја. Со намален буџет за бензин како ќе се ојт во Пефкохори, Неа Калитеа, Тенерифе и други посрани места. Друга работа….со право Мицко ко беше на власт со побегуља Зоне Гулашова ја тргна евтината струја. Во то време ние во економска смисла бевме во експанзија и теравме вуспич прав прав пругоре. Како институцијално така и индивидуално.

Во то време јас можев да си дозволам да купам два јогурти, еден да испијам еден за стан да тргнам. Ама то шо ме раскалаши Кокица па не штедев то си е моја грешка. Е сега сврти колцето. Ем ќе свртит ко немавме акал ко народ. Тогаш се сеќавам сите можевме да пушиме. Е сега нацки. Кај да се свртиш слушаш: дај да тргнам еднуш, дај пушнам еднуш, еј еј не фрлај го пикавецот дај јас да ти го допушам. Мада рака на нога, искрено речено, тој шо пушел во идиличната НСРМ и сега комотно пушит во дволичната НСРСМ. Абре пушач си е пушач.

И искрено да ти кажам. И јас сум пушач. Ама не можам да дојдам до израз од овие искусниве. Зш пази….не е малку ти 30 години да пушиш со секого. Па бре брате то е искуство. Знает како вовлеквет, да кај да вовлечат, па своловет, шо ти не. Те на овега, те на онега….се префрлет од еден на друг. Не бадијала ги викет ЈОЈО пушачи. Е таквите никош не стигвет до ЈО.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите