На последниот состанок на иницијативниот одбор, одржан деновиве во ресторанот „Елдорадо“, пештанци состојбата во познатата туристичка населба ја оцениле како алармантна.
– Во оваа лоша ситуација селото не ќе може да ги оствари очекувањата од претстојната туристичка сезона, велат пештанци.
На состанокот бил изразен револт од односот на локалната самоуправа кон децениските проблеми, за што била формирана неколкучлена делегација која, како што е најавено, ќе побара средба со градоначалникот на општина Охрид. Пештанци сакаат со Петрески да разговараат за клучните проблеми на туристичката населба, а доколку тие не бидат решени се заканија со блокади на меѓународниот пат Охрид – Св. Наум.