Охридски ЕМО има рок од 120 дена да ги подмири долговите кон државата и доверителите или компанијата ризикува да оди во стечај. Имено од 1 јануари на сила стапува Законот за платен промет, според  кој фирмите кои имаат блокирани жиро сметки не ќе можат да вршат плаќање со компензација, цесии или преку синдикални или сметки на деловни партнери.

Министерот за финансии, Трајко Славевски, објасни дека ЕМО, како и другите големи загубари, до 31-ви декември ќе треба да  се преструктуираат и  да најдат стратешки партнер кој ќе ги подмири нивните долгови. Во спротивно ќе следи пријава за наплата на долговите, што ќе повлече отворање стечајна постапка за компаниите со блокирани жиро сметки.

Ohridnews