Списанието Стар објавило детали од предбрачниот договор на Анџелина Џоли и Бред Пит, во кој било наведено дека Анџелина го добива целосно старателството над нивните деца во случај Бред да ја изневери со друга жена.
Во договорот исто така стоело дека во случај на развод, Анџелина и Бред ги земаат секој своите пари кои поединечно ги заработиле. Бред е наводно “тежок“ 240 милиони долари, а Анџелина 185.
Се што заработиле како брачен пар го оставаат на своите деца, па приходите ќе бидат поделени на шест подеднакви делови, открива неименуван извор за списанието.
Освен тоа, дел од заедничките пари ќе одат во добротворни цели. Договорено е пари да бидат донирани и во сиропиталиштата од кои Анџелина и Бред ги посвоиле децата, во Виетнам, Камбоџа и Етиопија.
Во случај на развод, дел од заедничките пари ќе одат за истражувања за рак.