ЈП „Охридски Kомуналец” на 14 јуни (петок) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.3 и У.З.4 со која ќе се опфатат населбите Кошишта, Воска и Даљан.
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 14.06.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот од 07.00 до 21.00 часот, велат од претпријатието.
Кабастиот отпад, додаваат, треба да е уредно оставен до контејнерите или други пристапни места предвидени за подигнување комунален отпад.
OhridNews