Секторите за внатрешни работи и патролните тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција во координација со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, ноќеска, од 00.00 до 04.00 часот, спровеле акциска контрола во угостителски објекти на територијата на цела држава.

При контролата, како што соопшти МВР, констатирано е едно кривично дело по член 215 и едно кривично дело по член 204 од Кривичниот законик.

Во угостителски објект во Неготино, кај М.А.(32) од демиркапиското село Корешница било пронајдено шише со течност и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, во угостителски објект во Тетово биле затекнати двајца малолетници при консумирање алкохол за што против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава и притоа биле констатирани 31 прекршок по член 21 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир – присуство на малолетници во угостителски објект по 00.00 часот.

Акциските контроли во угостителските објекти продолжуваат и во наредните денови, најавува МВР.

OhridNews