Акција за подигнување зелен отпад отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) ќе биде спроведена во сабота, 28 октомври, во Горна Влашка маала, населба Христо Узунов и Карабегомаала.

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 28.10.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, информираат од ЈП Охридски Комуналец.

Според годишниот календар за оперативната 2023 година, велат од претпријатието, остануваат да се реализираат уште четири акции кои се наменети за подигнување зелен отпад.

Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад, додаваат од ЈП Охридски Комуналец.

OhridNews