ЈП „Охридски Kомуналец” на ден 20 јуни, четврток, ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.11 Видобишта.
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 20 јуни и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07:00 до 21.00 часот, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Кабастиот отпад, додаваат, треба да е уредно оставен до контејнерите или други пристапни места предвидени за подигнување комунален отпад.
OhridNews