Акција за подигнување кабаст и зелен отпад од У.З.12 Гоце Делчев (населба Бараки) ќе се реализира во петок, 31 мај, информираат од ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид.
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 31.05.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, велат од претпријатието.
Отпадот, додаваат, треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.
OhridNews