Од утре ЈП „Охридски Комуналец“ започнува со реализирање на Календарот за 2024 година на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на Oпштина Охрид.

Утре ќе биде организирана акција за подигнување кабаст и зелен отпад од У.З.1 Стар ГрадСе молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 10.05.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, информираат од претпријатието.

Отпадот, потенцираат, треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

OhridNews